Лајпциг ги среди „милионерите“ среде Дортмунд, мечот го реши – црвен картон (ВИДЕО)

Фудбалерите на Лајпциг излегоа како победници од големото германско дерби на гости кај Борусија Дортмунд (3-2), во меч што беше решен уште по 15 минути и тоа со – црвен картон.

Матс Хумелс како последен фудбалер направи прекршок кој првично беше досуден како пенал со желт картон за него, но по реакција од ВАР ударот наместо од белата точка беше префрлен на линијата од шеснаесетникот, но опомената беше преиначена во исклучување. Тоа им ја олесни задачата на гостите, кои поведоа со автоголот на Бенсебејн во 32. минута. „Милионерите“ и со играч помалку се бореа додека имаа сила, па Суле изедначи во шестата минута од судиското надополнување од првото полувреме.

Баумгартнер, пак, во 54. минута донесе ново водство за гостите, додека Поулсен во 91. минута зголеми на 3-1, додека две минути подоцна Фулкруг само го ублажи поразот за составот од Дортмунд.

Лајпциг со овие три бода се зацврсти на четвртата позиција со 29 бодови, додека Борусија е петтопласирана со четири бодови помалку.