
Спорен момент го реши победникот: Ривс ја загуби топката, судиите му дадоа тајм-аут (ВИДЕО)
При водство на Лејкерс од 105-103, на 15-тина секунди пред крајот, Ривс ја загуби топката во близина на својот кош, но судиите ја прекинаа играта и дозволија тајм-аут за домашниот тим, на барање на Леброн Џејмс. Санс беа револтирани од таквата одлука бидејќи сметаа дека Ривс немал контрола над топката.
„Тоа е ничија топка, не може да се бара тајм-аут кога е ничија топка. Направивме замка, ја украдовме топката и се слушна проклетото свирче. Фрустрирани сме“, изјави тренерот на Санс, Френк Вогел.
Главниот судија Џош Тивен по мечот имаше свое објаснување за спорната одлука.
„Во забавената снимка, забележавме дека Ривс со левата рака ја држи топката што значи дека имал контрола врз неа“, рече Тивен.
И покрај таа ситуација, Феникс имаше шанса за израмнување и продолжение, но Кевин Дурант промаши тројка со ситекот на времето.