Барселона сака нов голман, прва желба е - Де Хеа!

Барселона сака да ангажира нов голман до крајот на сезоната поради тоа што во наредните недели Марк Тер Штеген ќе биде отсутен поради повреда.

Во наредните денови ќе биде извршена операција врз Марк Тер Штеген, тој ќе биде надвор од теренот околу 2-3 месеци.

Барселона сака да најде краткорочно решение за голманската позиција.

Каталонскиот медиум „Спорт“ тврди дека прв на листата е Давид де Хеа кој е слободен агент, па веднаш би можел да потпише за клубот.

Покрај Де Хеа, на листата се уште и Рамсдејл, Каспер Шмајхел, Боно и Роман Бурки.

Интерес за Де Хеа има и од Њукасл на кој им се повреди голманот Поуп.