Кин: Марсијал постигнува гол на секои 14 години, не е веќе дете!

Поранешниот фудбалер на Манчестер јунајтед, Рој Кин е разочаран од настапите на премиерлигашот и пристапот на Ентони Марсијал.

Марсијал се скара со тренерот Ерик Тен Хаг за време на мечот против Њукасл, по што доби критики и од Кин.

„Секогаш му простуваме на Марсијал затоа што постигнува гол на секои 14 години. Тој оваа сезона постигна само еден гол. Има 27 години во моментв, не е веќе дете. Мора да го покаже квалитетот, зашто во спротивно треба да игра во некој нисколигаш“, вели Кин.