Охрид го реши Тиквеш и се врати во игра за второто место во групата А

Ракометарите на Охрид триумфираа со 36-31 против Тиквеш и се вратија во игра за втората позиција во групата А во Суперлигата.

Охрид водеше со 6-4 на почетокот на натпреварот, но потоа Тиквеш се врати и израмни на 8-8. Сепак, во финишот на првото полувреме домаќинот влезе во серија и поведе со 15-11.

Тиквеш направи голем број грешки во второто полувреме, а истите беа казнети од Охрид кој на крајот славеше со 36-31.

Најдобар во победничкиот тим беше Цирар со девет голови, додека Стефановиќ постигна седум погодоци кај Тиквеш.

На останатите натпревари Пролет одигра 24-24 против Голден Арт, додека Прилеп го совлада Мулти Есенс со 34-31.