Пелистер со многу мака го совлада Бутел

Македонскиот шампион Пелистер славеше на гостувањето кај Бутел со 32-30 и така ја запиша 11. победа во ракометната Суперлига.

Бутел имаше добар почеток на натпреварот и водство од три гола разлика до 10. минута, но потоа гостите од Битола го засилија темпото и до полувреме израмнија на 13-13.

Во вториот дел Пелистер преку Тајник и Пешевски стигна до 15-13, а потоа го чуваше водството до завршницата, иако Бутел неколку пати се обиде да стигне до израмнување, меѓутоа само го ублажи поразот (30-32).

Најдобар кај Пелистер беше Петровиќ со осум погодоци, додека Николов постигна шест гола за Бутел.