И Пелистер со пораз го напушта Златибор

Вицешампионот на Македонија, Пелистер доживеа пораз во својот последен натпревар од АБА 2 турнирот што се одржува на Златибор.

Истоимениот домаќин славеше со 84-76 иако македонскиот вицешампион се наоѓаше во водство повеќе од 25 минути. Последен пат со 72-71, на нешто помалку од четири минути пред крајот, со 72-71 по што Златибор го зададе финалниот удар. Во последните две минути Пелистер не постигна поен, па по 78-76, Златибор направи серија од 6-0 за да го заклучи натпреварот и да се врати на челната позиција на табелата со биланс 4/1, колку што имаат и Војводина, Широки и Спартак. Јуре Планиниќ, кој минатото коло беше МВП, со 21 поен и индекс 33 го предводеше Пелистер, Бернард додаде 16, а Мијовиќ 12 поени.

По вториот турнир од АБА 2 лигата, Пелистер се наоѓа на десеттата позиција со две победи на петте меча, а МЗТ Скопје е најдобро пласиран македонски тим, на петтото место со 3/2.