Алкараз поразен од Зверев на завршниот турнир во Торино

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз загуби со 1-2 во сетови од Александер Зверев на првиот натпревар на завршниот турнир во Торино.

Осмиот тенисер во светот го загуби првиот сет во тај-брејк со 6-7, но следните два го надигра Шпанецот со 6-3 и 6-4 за да запише победа.

Во групата со Алкараз и Зверев се наоѓаат уште и Русите Данил Медведев и Андреј Рубљев, чиј натпревар е закажан вечерва од 21 часот.