
Фудбалерите на Милан тренирале додека ечеле песни на навивачите на Дортмунд!
Според „Газета дело спорт“, предводникот на „росонерите“ по воведните 15 минути кои секогаш се отворени за новинарите и фоторепортерите, решил преку звучниците на стадионот на своите избраници да им пушти навивачки песни на противникот. „Милионерите“ се познати дека ги имаат можеби најфренетичните фанови во Бундеслигата, кои прават заглушувачка атмосфера, па Пиоли сакал барем делумно да ги подготви за тоа што ги чека на „Сигнал Идуна парк“.
Средбата ќе почне од 21 часот, а двата тима во неа влегуваат без победа во првото коло, во кое Милан ремизираше со Њукасл (0-0), а Борусија загуби на гости кај ПСЖ (0-2).