
Челси конечно даде гол, ама и победи (ВИДЕО)
Во тие три меча, „сините“ не постигнаа ниеден гол, загубија од Нотингем Форест и Астон Вила со 0-1, а со Борнмут одиграа 0-0, но денеска како гости го победија Фулам со 2-0 и сега имаат дури и позитивна гол-разлика. Се беше решено во период од две минути, Мудрик погоди во 18., а Броја во 19. и потоа до крајот Челси умешно ја чуваше предноста, без многу да се изложува на ризик. За украинскиот фудбалер, тоа беше прв гол во дресот на Челси каде дојде минатиот јануари, но и тој и Броја и Каиседо подоцна се повредија и не го дочекаа крајот на натпреварот.
Со оваа победа, Челси се искачи на 11. позиција на табелата, а идниот викенд ќе има можност да влезе и во серија бидејќи гостува кај претпоследниот на табелата Барнли.