Челси со два играчи помалку се спаси од срам и тоа на – пенали (ВИДЕО)
„Сините“ успеаа да ги погодат сите пет удари од белата точка, а само Оливеира во првата серија промаши за Норич, па со тоа лондончани стигнаа во четвртото коло. Претходно Норич во 94-та минута се избори за продолжение преку Луис, откако Мичи Батшуаи погоди за водство на фаворитот.
Но, Челси се тресеше во финишот откако Педро во 117-та и Алваро Мората во 120-та минта заработија исклучувања, па на крајот пеналите мораше да го решаваат победникот.
Во другите денешни два меча кои се преигруваа Свонси со 2-1 го победи Вулверхемптон, а Виган со 3-0 го растури премиерлигашот Бормут.