Шампионот Канело го претепа Американецот Шарло (ВИДЕО)

Неприкосновениот шампион во супер средна категорија, Канело Алварез се врати во рингот и успеа да ги одбрани своите појаси против првакот во супер велтер категорија Џермел Шарло.

Борбата се одржа во Лас Вегас, а Мексиканецот уште еднаш покажа дека е вистински шампион, откако доминираше во рингот против неговиот ривал и на крајот славеше со одлука на судиите.

Алварез ги искористи сите шанси за напад и му покажа на противникот кој е главен, а судиите му ја доделија победата со 118-109, 118-109 и 119-108.