Рашфорд направил сообраќајка по мечот со Барнли (ВИДЕО)

Англискиот фудбалер Маркус Рашфорд направил сообраќајка со неговиот Ролс Ројс по натпреварот против Барнли (1-0) во рамки на Премиерлигата.

Рашфорд тргнал кон својот дом со автомобилот од 700.000 фунти, но изгубил контрола врз возилото и го оштетил.

За среќа, фудбалерот не се здобил со повреди, иако нема да му биде сеедно затоа што си го оштетил скапиот автомобил.