Караница на Лејвер купот: Имам дете, ако не сакам - нема да играм!

Феликс Оже-Алиасим и Гаел Монфилс се скараа за време на натпревар од Лејвер купот, а Канаѓанецот не беше среќен затоа што неговиот ривал намерно трошеше повеќе време меѓу поените.

Оже-Алиасим побара од судијата да му изрече казна на Монфилс, а тоа го налути францускиот тенисер кој „распука“ по противникот.

„Имам дете. Ако не сакам да играм на турнирот, нема да играм. Ме повикаа и ми кажаа дека ќе бидам слободен. Овде сум да се забавувам“, кажа Монфилс.