Баерн Минхен има нов тренер – Шпанец!

Германскиот кошаркарски гигант Баерн Минхен од денеска и официјално има нов тренер, откако потпиша договор со шпанскиот стратег Пабло Ласо, кој изминатава сезона немаше ангажман, а претходно беше предводник на Реал Мадрид.

Тој пред една година имаше срцев удар и принудно се повлече од клупата на „кралевите“, но сега е добар и доби зелено светло од лекарите за да ѝ се врати на својата работа. Ласо со составот од Баварија потпиша до 2025 година, а доаѓа на местото на Андрија Тринкиери.

Шпанецот во досегашната караиера двапати ја освојуваше Евролигата, двапати беше избран за најдобар тренер во најсилното кошаркарско клупско натпреварување, пет пати беше шампион на Шпанија, а исто толку пати беше наградуван за најдобар тренер на тамошната лига.