
Играше како во транс: Сите тројки, влезови и флоутери на Нено во финалето на ВТБ (ВИДЕО)
Тој натпреварот го заврши со 34 поени, пет скока и три асистенции и беше кошмар за противниците, кои за 40 минути не успеаја да најдат начин да ги запрат неговите налети. Затоа, по завршувањето на мечот Димитријевиќ ја доби и МВП наградата за најкорисен играч во плејофот од ВТБ-лигата.
Поради сето ова, челниците на регионалното натпреварување објавија специјално видео со неговите најдобри потези, на кое се гледаат неговите тројки, влезови, популарни флоутери и сите други мајстории со кои ги збудале противниците.