Германски новинар ги објави причините зошто Баерн го смени Нагелсман! (ФОТО)

Смената на Јулијан Нагелсман на тренерската клупа на Баерн Минхен ќе се официјализира денеска, а многумина чекаат од клубот да ги соопшти причините поради кои се решил на ваков чекор. Сепак, новинарот на германски „Скај спортс“, Флоријан Плетенберг објави цела листа.

Капката која ја прелила чашата била екскурзијата на Нагелсман за време на паузата за репрезетации заминал на скијање во Австрија со својата девојка, оставајќи ги неговите помошници да работат со играчите кои не на репрезентативна должност. Тоа им е познато на сите, но според Плетенберг уште претходно се создал отпор кон Нагелсман.

„Негативниот спортски развој во Бундеслигата;

Недостаток на развој на играчите (и младите таленти и врвните ѕвезди);

Играчите и раководството беа изненадени дека тој е на одмор, додека тимот мора да работи“, напиша Плетенберг.

Баерн Минхен имаше водство од 10 бода в ооднос на Борусија Дортмунд, за таа сега да го престигне и со еден бод повеќе да го очекува нивното дерби на 1 април. Лошите резултати во Бундеслигата уште есеноска беа спомнувани како легитимна причина за отказ на 35-годишниот тренер, а врз нив се надоврзаа проблематичните односи со дел од играчите.

Во прв план тука е несогласувањето со Мануел Ноер, особено откако Нагелсман го отпушти тренерот на голманите, кој е голем пријател на Ноер и член на Баерн веќе 12 години. Му замеруваат и за формата на Садио Мане, кој требаше да биде замена за Левандовски, а всушност има лоша сезона, главно поради повредите.

Единствено нешто кое не може да му се замери на Нагелсман е одличниот настап во ЛШ, каде што клубот има максимален број победи, сметајќи ги шесте меча во групната фаза и осминафиналето со ПСЖ. Неговиот наследник, Томас Тухел, треба да биде промовиран денеска.