Енди Керол со крвнички старт го испрати Ериксен во – болница (ВИДЕО)
Од ова гостување, сепак, ќе остане запаметено неговото агресивно однесување со неколку крвнички стартови, меѓу кои се издвојува тој над Кристијан Ериксен. Данецот му ја одзема на средината од теренот, што Керол го „казни“ со старт со две нозе од зад грб, за кој изненадувачки не доби ниту жолт картон. Но, набрзо потоа беше казнет со две опомени, па предвреме мораше на ладење во соблекувалната.
Ериксен стадионот го напушти со патерици, а беше пренесен и во болница за да се утврди степенот на повредата. Дури денеска ќе се знае колку всушност бил брутален стартот на Керол, откако лекарите ќе ја одредат должината на паузата на данскиот репрезентативец.