Роналдо ќе живее во „кралски“ дворец со олимписки базен и три вили (ФОТО+ВИДЕО)

Најдобриот Португалец на сите времиња, Кристијано Роналдо, светски рекордер по број на дадени клупски и репрезентативни голови, од вчера и официјално е дел од саудиски Ал Наср за историски рекорден договор – 200 милиони евра годишно.

Роналдо во Ријад е дочекан како „крал“, па таков третман и ќе има, зашто ќе живее во еден дворец во најубавата населба во престолнината на Саудиска Арабија, кој чини 14 милиони евра и има три вили и олимписки базен.

Главната куќа во најлуксузниот дел на Ријад, Ал Мухамадијах има осум спални соби, теретана, а плус дополнителни три вили, олимписки базен во кој неговите деца ќе може секојдневно да се забавуваат, плус и водопад крај влезната врата во дворецот.

Децата на Роналдо ќе одат во интернационалното училиште Ал Нахела, кое е во сама близина на дворецот, а и стадионот на Ал Наср не е така далеку од него.