Комедија: Манчестер сити е клуб на годината, Реал Мадрид е - трет!

На доделувањето на „Златната топка“ вечерва беше прогласен и најдобриот фудбалски клуб за изминатата сезона. Интересно оваа награда ја доби Манчестер сити, а не Реал Мадрид. 

Малку е нејасно како англискиот шампион ја доби оваа награда пред кралскиот клуб, кој освен што освои Ла Лига, триумфираше и во Лигата на шампиони притоа елиминирајќи ги „граѓаните“ во четвртфиналето. Реал го освои и шпанскиот Суперкуп, но и Суперкупот на УЕФА на стартот на новата сезона.

Манчестер сити минатата сезона ја освои Премиерлигата и толку, а интересно во изборот на „Франс фудбал“, организаторот на „Златната топка“, втор клуб е Ливерпул, кој пак загуби од Реал во финалето на ЛШ. Според рангирањето Реал Мадрид е третиот најдобар клуб за минатата сезона.