Зверев шокиран во четвртфиналето од турнирот во Буенос Аирес

Вториот светски рекет Александер Зверев доживеа неочекуван пораз во четвртфиналето од турнирот во Буенос Аирес.

Иако прв носител, Германецот нема да има можност да се бори за трофејот бидејќи загуби од домашниот тенисер Франсиско Серундоло со 1-2 (6-3, 3-6, 2-6). Со тоа, Зверев пропушти шанса и да се му доближи на Јаник Синер на АТП листата, па италијанскиот тенисерја задржа високата предност во однос на својот најблисок ривал.

Во полуфиналето, Серундоло ќе се сретне со Мартинез од Шпанија, додека другата двојка ја сочинуваат Ѓере од Србија и Фонсека од Бразил. Интересно е тоа што од четворицата преостанати тенисери, само Серундоло беше меѓу носителите и тоа како петторангиран.