Анчелоти ќе добие отказ доколку ја заврши сезоната без трофеј!

Реал Мадрид на крајот на сезоната би можел да го промени тренерот, доколку Карло Анчелоти не освои ниту еден трофеј со шпанскиот гигант.

„Кралевите“ се надеваат дека може да освојат пехар во Лигата на шампиони, Ла Лига или шпанскиот Куп, а доколку не успеат, тогаш имаат подготвено замена за Анчелоти.

Замената е Чаби Алонсо од Баер Леверкузен, кој долго време се поврзува со кормилото на гигантот од Мадрид.

Анчелоти во моментов го има вториот мандат во Реал, а на клубот му донесе вкупно 15 титули.