Роналдо ги избра најдобрите и најлошите колеги во кариерата
Роналдо го избра Роналдињо од репрезентацијата и Зинедин Зидан на клупско ниво како најдобри фудбалери со кои соработувал на теренот.
Во однос на тоа кои биле најлоши, Роналдо даде интересен одговор и избра двајца фудбалери кои не се прославиле.
„Станува збор за добро момче, одличен другар, но многу лош фудбалер. Тоа е Томас Гравесен. Додека во репрезентацијата најлош беше Амрал, кој немаше добра техника“, посочи Бразилецот.