Синер доби суспензија по допинг-скандалот!

Италијанскиот тенисер Јаник Синер е суспендиран на три месеци поради допинг. „Релево“ открива дека тој се договорил со Светската анти-допинг агенција (ВАДА) пред да биде сослушувањето во април.

ВАДА бараше суспензија за Италијанецот од една до три години, а на крајот без судењето ќе биде казнет на три месеци.

Синер беше позитивен минатата година на недозволената супстанција клостебол, меѓутоа не доби казна во моментот затоа што кажа дека ненамерно истата била внесена во неговиот организам.

Неговата казна ќе важи од 9 февруари до 4 мај, што значи дека ќе го пропушти турнирот во Доха, а потоа и турнирите во Америка.