Роналдо е слободен да си замине од Манчестер јунајтед - во јануари

Менаџерот на Манчестер јунајтед, Ерик тен Хаг ќе му дозволи на Кристијано Роналдо да си замине во јануарскиот преоден рок. 

Холанѓанецот го користи Португалецот само малку сезонава, а го остави цел натпревар на клупата во дебаклот од Манчестер сити од 6-3 изминатиот викенд. Одигра вкупно осум натпревари, шест во Премиерлигата и два во Лигата на Европа, но најчесто влегуваше од клупата. 

Фудбалерот нормално не е среќен па во јануари ќе си замине од тимот, најверојатно без обештетување. Засега не е јасно која ќе биде неговата следна дестинација, но веројатно ќе бара клуб, кој во пролетниот дел од сезоната ќе игра во Лигата на шампиони.