Вембанјама ќе ја предводи Франција на ОИ во Париз

Виктор Вембанјама најави дека ќе биде дел од Олимписките игри (ОИ) кои ќе се одржат следната година во Париз, Франција.

Франција ќе се обиде да го поправи впечатокот по лошиот настап на Мундобаскетот, а Вембанјама најави битка за златниот медал.

„Наша амбиција е златниот медал. Успехот на Олимписките игри ќе биде историски. Ќе играм за Франција во Париз. Иако имавме лош резултат на Мундобаскетот, не сум загрижен затоа што имаме квалитетен состав“, кажа Вембанјама.