Ти-Џеј Шортс е хоспитализиран, ситуацијата е сериозна!

Македонскиот репрезентативец, Ти-Џеј Шортс нема да патува на подготовките на Панатинаикос во Австралија, причината е болест поради која завршил во болница.

Ти-Џеј Шортс ова лето дојде во Панатинаикос од Париз како големо засилување, но ќе го пропушти првиот дел од подготовките за новата сезона.

Информациите од Грција велат дека македонскиот репрезентативец е хоспитализиран поради сериозна вирусна инфекција.

Не е познато за каква инфекција се работи, но се пишува дека ситуацијата е сериозна и тој нема да патува во Австралија.

Според грчките медиуми опоравувањето ќе трае подолго време.