Спектакл: Магија на Дончиќ, ѕверска блокада на Осман и луда тројка за победа на Драгиќ (ВИДЕО)

Кошаркарите на Словенија славеа на синоќешната пријателска средба против Турција (103-102) во Истанбул и тоа во драматичен меч со едно продолжение, кој беше решен со луда тројка на ветеранот Горан Драгиќ буквално во последните секунди.

Ова беше подготвителен дуел во пресрет на ЕП 2022, но делуваше како финале на некој Мундобаскет, со оглед на борбеноста и прикажаната фантастична игра. Пресметката изобилуваше со неверојатни потези, па покрај тројката на Драгиќ за одбележување е и магичната асистенција на Лука Дончиќ како и ѕверската блокада на охриѓанецот во турски дрес, Чеди Осман.

Драгиќ беше и прв стрелец кај Словенија со 28 поени, додека Дончиќ имаше 23 поени, 10 скока и пет асистенции. Кај Турција најефикасен беше Коркмаз со 33 поени и седум скока, додека Осман додаде 24 поени.