Специјална благодарност од Вашингтон Стејт за Јакимовски

Екипата на Вашингтон Стејт синоќа го заврши основниот дел од сезоната во НЦАА, а со тоа, македонскиот репрезентативец Андреј Јакимовски веројатно ја заврши својата епизода и престојот во овој универзитет.

Поради тоа, во пресрет на натпреварот против Вашингтон, на специјална церемонија, универзитетот им се заблагодари на своите сениори кои ја играат четвртата сезона во дресот на Вашингтон Стејт. Меѓу нив и на Андреј Јакимовски кој доби благодарница од универзтетот за сето она што го направи во овие четири години со Кугарс. По завршувањето на првата година, тој беше пред заминување од Вашингтон Стејт, дури и се договори со Лојола, но на крајот се премисли и се врати.

Што се однесува до натпреварот, пред повеќе од 9.000 гледачи, Вашингтон Стејт загуби од Вашингтон со 68-74 и како второпласиран во својата конференција влегува во плејофот и во т.н. мартовско лудило.