Скола ги замолчи критичарите: Пред две години ме гледаа како лудак, а сега сум во финале!

Аргентинскиот кошаркар Луис Скола го потсети цел свет на својата изјава кога кажа дека оваа генерација на Аргентинци има големи шанси за успех на Светското првенство во Кина.

Аргентина се пласираше во финалето на Мундобаскетот, откако ја победи Франција во полуфиналето со 80-66, па Скола имаше што да каже по триумфот.

„Пред две години кажав дека тимов ме потсетува на златната генерација од 1999,2000 година. многу луѓе ме гледаа како лудак, а денес не сум зашто сум во финале“, кажа Скола.

Финалето на Мундобаскетот се игра во недела од 14 часот во Пекинг.