Шок: Војдан Стојановски го повреди коленото, го чека (по)долга пауза!

За најдобриот македонски кошаркар во последните години, Војдан Стојановски, кој игра за француски Гравелин, сезоната најверојатно е завршена, откако на еден од последните тренинзи пред средбата против Стразбур посериозно го повредил коленото.

Засега нема детални информации за тежината на повредата, но, неофицијално, лекарите се сомневаат на кинење на предните вкрстени лигаменти, што е убедливо најтешка вест за еден кошаркар. Надежи дека е нешто полесно сѐ уште постојат, но ако се остварат најавите, тогаш пред Војдан е најмалку шест месечна пауза.

 

 

Како му е во моментов на македонскиот репрезентативец најдобро знае неговиот брат-близнак Дамјан, кој двапати досега се опоравуваше од ваква повреда на коленото. Останува да се види како ќе минат деталните лекарски прегледи, но ако се оствари најцрното сценарио, тоа ќе биде голем удар и за националниот тим, бидејќи В. Стојановски не би можел да настапи на претквалификациите за СП 2023, кои на програмата се во август годинава.