
Николов: Нѐ стигна заморот, ама ќе изгинеме за да ги добиеме двата пресудни меча!
Со ова се согласува и плејмејкерот на националниот тим, Кристијан Николов, кој и покрај неуспехот сѐ уште верува во себе и соиграчите и во шансите да се направи невозможното.
„Добро се подготвивме за Русите, но имавме тежок натпревар вчера и нѐ стигна заморот од дуелот со Италија. Клучен момент беше скок-играта, беа многу подобри во тој елемент. Имаме ден одмор и сигурен сум дека ќе дадеме сѐ од себе за да ја победиме Италија, а потоа и Естонија. Без разлика на сѐ што се случуваше, ние сме сплотени како никогаш досега. Ова е група од 15 кошаркари, која секогаш е подготвена да го даде максимумот за репрезентацијата“, изјави Николов на прес-конференцијата по натпреварот.
Утре е ден одмор на турнирот во Перм, каде што жолто-црвените, задутре, вторпат ќе ги одмерат силите со „аѕурите“, а в понеделник ќе се сретнеме со Естонците.