Косовците се воздржаа од исвиркување на химната на Македонија! (ВИДЕО)

Македонската кошаркарска репрезентација мирно можеше да ја проследи химната на сопствената држава во пресрет на вечерашниот дуел против Косово (20.30 часот), откако навивачите во Приштина овој пат се воздржаа од нејзиното исвиркување како што беше лани на дуелот помеѓу истите противници.

Тогаш Светската кошаркарска федерација (ФИБА) симболично ја казни федерацијата на нашиот нов северен сосед, со напомена дека при следниот прекршок таа ќе биде ептен драстична. Токму поради тоа ситуацијата беше мирна во пресрет на воведниот дуел од втората претквалификациска фаза за ЕП 2021, а на трибините можеше да се забележат совесни навивачи кои во старт ги затишуваа и оние малкумина кои сакаа неспортски да ја испратат мелодијата „Денес над Македонија се раѓа“.