Падна договор: Арне Слот ќе биде нов тренер на Ливерпул!

Поранешниот англиски и европски шампион Ливерпул од следната сезона на кормилото ќе го има тренерот Арне Слот, кој ќе биде замената за германскиот стратег Јирген Клоп.

Клоп го најави своето заминување уште пред неколку месеци, по што премиерлигашот тргна во потрага по нов предводник и изборот падна на актуелниот тренер на Феенорд.

Новинарот Фабрицио Романо објави дека Слот ќе седне на „жешкото столче“ во Ливерпул, кој за неговите услуги ќе мора да му исплати околу 13-15 милиони евра на Феенорд.

Слот досега со Феенорд ги освои холандското првенство и Куп, додека во Конференциската лига заврши втор во сезоната 2021/22.