ФИБА му изрече смешна казна на Косово за исвиркувањето на македонската химна во Приштина!

Предводниците на светската кошарка (ФИБА) изрекоа смешна казна за скандалот со исвиркувањето на македонската химна пред почетокот на кошаркарскиот натпревар помеѓу Косово и нашата селекција, кој на 2 август се одигра во Приштина на стартот од претквалификациите за СП 2019 во Кина.

Косовците се казнети парично и тоа во износ од 1.000 евра, сума која дефинитивно не донесе никаква грижа кај кошаркарските челници на северниот сосед. ФИБА, сепак, се закани со драстично посериозни санкции ако во иднина се повтори ваков прекршок на средбите на нашиот северен сосед. Но, оваа воопшто нема да ја намали болката на избраниците на селекторот Јорданчо Давитков, но и на сите спортски вљубеници кај нас кои средбата ја следеа преку ТВ-екраните, а кои беа приморани да слушаат свирежи од трибините во моментите кога се интонираше химната на Македонија.

Но, ова можеби е најмал инцидент кој се случил при гостување на македонска спортска селекција на Косово во последните седум-осум години, со оглед што во минатото сме биле сведоци на палења на македонското знаме, обиди за физички пресметки со нашите спортисти како и на истакнување на навредливи пароли преку кои се негирало постоењето на нашата држава и нација.

А, токму дуелот против Косовците, овој пат на домашен терен, е следниот на листата на националнио тим во претквалификациите, закажанз а в сабота во салата „Борис Трајковски“, што ќе биде одлична шанса да се претставиме како врвен домаќин и да му покажеме на противникот како во цивилизирани земји се организира и се однесува на една спортска манифестација.