Челси до крај на сезоната ќе биде без засилувањето од - 121 милион евра!

Поранешниот англиски и европски шампион Челси ги потврди ужасните прогнози за здравствената состојба на аргентинскиот фудбалер Енцо Фернандез, а тоа е дека ќе паузира до крајот на сезоната.

Челси има уште една мизерна сезона и до крајот ќе се надева на чудо и подобар пласман во Премиерлигата, но во таа мисија нема да може да помогне засилувањето од 121 милион евра.

Енцо заминал на операција со која сака да ги реши проблемите, по што ќе почне период на рехабилитација која ќе трае до крајот на актуелната сезона.

Аргентинецот најверојатно ќе биде подготвен за настап на Копа Америка која ќе почне на 20 јуни.