Малер или засилување? Мегваер три недели нема да игра за Манчестер јунајтед!

Дефанзивецот на Манчестер јунајтед, Хари Мегвар, најмалку во следните три недели ќе биде надвор од составот и тоа поради повреда на мускулот, што значи дека нема да биде во тимот на „ѓаволите“ на вечерашното гостување кај Кристал Палас.

Тој се повредил на еден од последните тренинзи пред оваа пресметка, а прогнозите се дека за него Премиерлигата е веќе завршена, но дека има шанси за биде во тимот за финалето од ФА купот против Манчестер сити, кое ќе се одигра на 25 мај во Лондон. Повредата на Мегваер не е толку опасна, што значи дека воопшто не е доведен неговиот настап на ЕП 2024 во дресот на Англија.

Тренерот на Јунајтед, Ерик тен Хаг има големи проблеми во последната линија на тимот, бидејќи се повредени уште и Рафаел Варан, Лисандро Мартинес и Виктор Линделоф. На тренинзите се врати Џони Еванс, но неизвесно е дали ќе биде во составот за вечерашниот дуел со Кристал Палас.