Скандалозно однесување на Хезоња - сочно го пцуеше словенечкиот судија (ВИДЕО)

Хрватскиот репрезентативец Марио Хезоња може да добие жестока казна од Евролига по скандалот што го предизвика синоќа, на вториот натпревар од серијата против Басконија.

Сосема непотребно, во финишот од натпреварот, кога неговиот тим водеше со 16 поени разлика, тој се изнервира затоа што не беше досуден фаул при еден негов продор кон противничкиот кош и почна да урла на судијата. Цел на неговиот гнев беше словенечкиот арбитар Саша Пукл кој прво му досуди техничка грешка, а откако Хезоња почна да пцуе, го исклучи.

Во следните моменти кулминираше бесот на крилниот кошаркар кој фрли шише, пешкир, а потоа, одејќи кон соблекувалната, уште неколку пати го испцу Пукл. Изливот на Хезоња можете да го видите ТУКА.