Проблеми за ланскиот МВП: Ембид се бори со тешка болест

Најдобриот играч на Филаделфија 76 и нов член на американската репрезентација Ѓоел Ембид страда од Белова парализа, болест која во помала или поголема мера одзема дел од лицето или цело лице.

Кај центарот на Сиксерс ситуацијата е поблага, но воопшто не е пријатна за што тој зборуваше по синоќешниот меч против Њујорк на кој неговиот тим славеше со 125-113.

 

 

„Тоа се случува извесен период, имав и мигрена. Се почна пред плејин натпреварот против Мајами, прво мислев дека не е ништо сериозно, но потоа многу ме иритираше. Ми се случувва на левата страна на лицето, на устата и во окото. Тешко е, но не е се откажувам и покрај се“, рече Ембид.

Многу љубители на кошарката забележаа дека нешто се случува со лицето на Ембид секогаш кога при телевизиските преноси, во крупен кадар беше прикажувано неговото лице. Тој трепка само со едното око, а во многу случаи, лицето му останува замрзнато. Парализата може да трае од неколку дена до повеќе месеци.