Австрија бара голема отштета за Рангник, а навивачите не го сакаат во Баерн!

Ралф Рангник има богата тренерска кариера и призна дека преговара да го преземе Баерн Минхен, но во меѓувреме се создаде ситуација која се заканува да му го урне сонот да го предводи поранешниот германски шампион.

Германски „Билд“ објави дека Рангник се договорил со баварскиот гигант, меѓутоа сега се чека договор меѓу Баерн и Фудбалскиот сојуз на Австрија, кој бара голема оштета за потписот на тренерот.

Австрија бара дури 15 милиони евра отштета за Рангник доколку Баерн сака да го ангажира, а дополнителен проблем е тоа што навивачите на бундеслигашот не сакаат тој да го тренира нивниот клуб.

Рангник во минатото ги тренираше Шалке, Лајпциг, Хофенхајм, Хановер, но и други германски екипи.