Монако се врати во игра: Лојд со луда тројка го урна Фенербахче (ВИДЕО)

Кошаркарите на Монако триумфираа против Фенербахче со 93-88 во вториот меч од четвртфиналето на Евролигата и со тоа израмнија на 1-1 во плејоф-серијата.

Натпреварот го одбележа динамична игра, а Фенербахче во еден момент имаше предност од 74-65 пред да се разбуди Монако и да влезе во одличен ритам за да направи целосен пресврт.

Најефикасен во победничкиот тим беше Мотиејунас со 18 поени, додека одлични кај Фенербахче беа Дорси со 25 и Вилбекин со 23 поени.

Третиот меч меѓу Фенербахче и Монако е закажан за 1 мај во Истанбул.

Барселона вечерва го совлада Олимпијакос со 77-69 и израмни на 1-1, а најефикасен во триумфот на каталонскиот тим беше Џабари Паркер со 24 поени и пет скокови.