Македонската химна силно исвиркана среде Приштина!

Квалификацискиот натпревар помеѓу селекциите на Косово и Македонија имаше лоша увертира, бидејќи домашните навивачи нѐ ја испочитуваа нашата химна.

Косово вечерва по првпат игра во Приштина откако доби дозвола од ФИБА за настап во оваа сала, но публиката се покажа како лош домаќин бидејќи ја исвирка комплетната химна на Македонија.

Косово и Македонија вечерва го отвораат претквалификацискиот циклус за СП 2019, а во оваа група уште е и Естонија. Двете најдобри селекции обезбедуваат пласман во следната фаза.