
Кошаркарките добија силни балкански ривали во квалификациите за ЕП 2027!
Вкупно 38 избрани тимови пријавија учество во овие квалификации, кои ќе се играат во две втора рунда преку четири предвидени ФИБА „прозорци“. Во првата рунда, што ќе се одигра од ноември 2025 до март 2026 година, ќе настапат 27 селекции, кои ќе бидат поделени во шест групи со по четири екипи и една група со три тима. Се игра по принципот „секој со секого“, односно раунд-робин систем, со по три натпревари во секој од двата квалификациски прозорци. Пласман во втората рунда ќе обезбедат победниците и второпласираните на сите групи и уште три најдобри третопласирани селекции – вкупно 17 национални тимови.
Репрезентациите на Белгија, Шпанија, Италија, Франција, Германија, Чешка, Турција и Унгарија нема да учествуваат во првата фаза, бидејќи во март 2026 ќе играат на посебни квалификациски турнири за пласман на Светското првенство. Дополнително, Белгија, како еден од четирите организатори на Евробаскетот (заедно со Финска, Литванија и Шведска), е веќе директно квалификувана за втората рунда и ќе биде дел од заедничката група „Х“. Тимовите кои нема да успеат да обезбедат пласман во втората рунда ќе бидат префрлени во претквалификациите за Евробаскет 2029.
Во втората фаза ќе настапат вкупно 24 селекции – 17 кои ќе дојдат од првата рунда, плус седум од квалификациските турнири за Светското првенство. Овие тимови ќе бидат распоредени во шест групи со по четири репрезентации. Секој тим ќе одигра вкупно шест натпревари – по три во двата квалификациски прозорци, закажани за ноември 2026 и февруари 2027. Двете најдобропласирани селекции од секоја група, односно 12 тимови, ќе обезбедат пласман на Евробаскетот, каде директно ќе се приклучат четирите домаќини – Белгија, Финска, Литванија и Шведска.