
Кошаркарите ги дознаа првите ривали на патот кон ЛОИ 2024 (ФОТО)
На ждрепката, Македонија се падна во групата А заедно со репрезентациите на Чешка, Естонија и Израел, додека во групата Б се Португалија, Полска, Унгарија и Босна и Херцеговина, по што следат Турција, Украина, Бугарија и Исланд во група Ц и Холандија, Хрватска, Белгија и Шведска во група Д.
Претквалификациите за Летните олимписки игри (ЛОИ) во Париз ќе се одиграат од 12 до 20 август годинава, а првите две селекции од секоја група ќе обезбедат пласман во полуфиналето, каде што нашата група се поврзува со репрезентациите од групата Б.