„Јакимовски е голем талент, само треба да ги намали – загубените топки!“

Стартот со пет победи и пет меча на Вашингтон стејт универзитетот, за кој меѓу најзаслужните е нашиот Андреј Јакимовски, дефинитивно го насочи вниманието на кошаркарските стручњаци од САД кон овој тим и особено кон македонскиот репрезентативец.

Сите се едногласни во оценката дека популарните Кугарс го добиле најдобриот дебитант во пресрет на новата сезона и дека Македонецот прави одлични работи на теренот, Но, истовремено, аналитичарите потенцираат дека работите некако брзо се случуваат и дека на Јакимовски треба да му се дозволи простор за целосна аклиматизација на новата средина. Тие сметаат дека главен проблем во неговата игра досега се – загубените топки.

„Денеска, на целата оваа ситуација со повредите, дојде и моментот кој вели дека Јакимовски играше 34. минути. Тој е највисоко оценет регрут во минатогодишната класа и прави многу добри работи на теренот. Но, во моментов загубените топки се неговиот проблем. Тој има десет на последните два натпревари и вкупно 14. од почетокот на сезоната. Освен тоа, да го играте 30 и повеќе минути во моментов е малку несигурно“, велат аналитичарите на приликите во НЦАА-лигата.

Јакимовски од меч во меч добиваше поголема шанса, па во последните три беше во стартната петорка, што го оправда со постојано подобрување на личниот рекорд, кој сега му изнесува 12 поени и седум скока.