ФИБА ја прогласи победата на Македонија за едно од најголемите изненадувања во квалификациите

По завршувањето на февруарскиот прозорец од квалификациите за Европското првенство, ФИБА ги одреди најголемите изненадувања од двете кола кои се одиграа во овој термин.

Во конкуренција е и победата на македонската репрезентација против Полска со 96-71. Мечот е ставен во групата изненадувања врз основа на пласманот на ранг-листата на ФИБА, а разликата меѓу Македонија и Полска изнесува 44 позиции (59-15). Најголемото изненадување го бираат читателите на интернет страницата на ФИБА.

 

 

„Македонија во 2011 година оствари еден од најлудите резултати во поновата кошаркарска историја со пласманот во полуфиналето на Европското првенство во Литванија, елиминирајќи го домаќинот во четвртфиналето. Во 2022 година Полска оствари еден од најлудите резултати во поновата кошаркарска историја со пласманот во полуфиналето од Европското првенство, елиминирајќи ја Словенија во четвртфиналето.

Двете 'Пепелашка нации' се сретнаа во 2024 година, а исходот на дуелот ги враќа спомените на 2011. Црвено-жолтите ја обоија арената и не само што ја победија Полска, туку тоа го направија со 25 поени разлика, на гостински терен“, пишува во анализата на ФИБА.

Покрај победата на Македонија, меѓу другите, може да се гласа и за поразот на актуелниот европски шампион Шпанија од Белгија и Летонија, како и на светскиот првак Германија од Бугарија.