Драгиќ: Сè што сакав остварив и време е да кажам доста е!

Најдобриот словенечки кошаркар Горан Драгиќ, кој беше прогласен за најкорисен играч на неодамна завршениот Евробаскет, чија завршница се одигра во Истанбул денеска на прес-конференција во Љубљана го обелодени тоа што го најави – дека нема повеќе да игра за Словенија.

Драгиќ беше неверојатен на финалето против Србија постигна 35 поени и беше предводник до историскиот успех на Словенија, која се закити со европската круна.

„Сè што сакав го остварив и мислам дека е најдобро со тоа да ставам точка. Сите ние имавме тешка година, без вистински одмор, но беше малку тепшко во НБА, бидејќи имавме 82 регуларни мечеви, многу патувања... Тешко е да се остане здрав во таков ритам, но и психолошки силен. Жал ми е што нема да можам да играм за Словенија во ноември“, изјави Драгиќ.