Димитријевиќ избран во најдобрата петорка во ВТБ-лигата

Македонскиот кошаркар Ненад Димитријевиќ благодарение на одличните настапи за Уникс Казан повторно беше избран во идеалната петорка за периодот од 4 до 10 март.

Димитријевиќ блесна во дуелите против ЦСКА Москва и Парма Перм и во просек постигнуваше по 31 поени, 4,5 асистенции и три скокови по натпревар.

Во најдобрата петорка се наоѓаат и ОКтавиус Елис од Уралмаш, Мело Тримбл од ЦСКА, Си Џеј-Брајс од Парма Перм и Томас Ертел од Зенит.