Уникатно: Ѓоковиќ дрибла, асистира и поентира на кошаркарски меч во Задар (ВИДЕО)

Најдобриот светски тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ, во очекување на вториот турнир од серијата „Адриа тур“ во Задар, слободното време го искористи за еден невообичаен спорт за него – кошарка.

Србинот, заедно со Александар Зверев, Григор Димитров, Борна Чориќ, Марин Чилиќ и Горан Иванишевиќ со пробаа на натпревар на два коша во салата „Крешимир Ќосиќ“ заедно со дел од кошаркарите на задарскиот тим. Средбата е од затворен карактер, но предизвика голем интерес. Тенисерите сосема солидно се снаоѓаа во спортот со портокаловата топка, покажувајќи на моменти и неочекуван кошаркарски талент.