
Трагичната судбина на Машуловиќ: Во 2015 година беше искасапен татко му!
Машуловиќ бил пронајден мртов покрај тениски игралиште во Белград, по што случајот бил пријавен во полиција, а обдукцијата треба да покаже која е причината за смртта.
Бившиот кошаркар во 2003 година го носеше дресот на Ц. Звезда, но нема да остане запаметен по настапите, туку поради тоа што во 2009 година заедно со татко му Драго ги зема кошевите на тимот поради долг од 25.000 евра.
Високиот центар неколку години подоцна доживеа вистински шок, откако татко му беше пронајден искасапен во гаража.
За убиство на неговиот татко подоцна беше осуден Обрен Зиројевиќ, кој доби затворска казна од 15 години. Тој со чекан го удрил дури 15 пати, а потоа во купатило му ги отсекол рацете и нозете.